Сообраќајни знаци

Преглед на сообраќајните знаци и нивното значење

Сообраќајните незгоди се последица на неодговорно учество во сообраќајот и непочитување на сообраќајните правила и прописи. Да се учествува во сообраќајот како возач, значи да се манифестира одговорност и да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, секаде и секогаш.

Сообраќајните знаци се знаци на патиштата без кои регулирањето и одвивањето на самиот сообраќај би бил значително отежнат. Тие се употребуваат во секоја земја ширум светот. Се делат во четири групи, и тоа: знаци за опасност, знаци за известување, знаци за изречни наредби-забрана, и знаци за изречни наредби-обврска.

Сообраќајните знаци се исти насекаде во светот, и важат за сите учесници во сообраќајот. Сообраќајните знаци ни забрануваат движење, ни насочуваат за опасностите што претстојуваат на патот и нѐ известуваат за тоа каде и што се наоѓа на патот на кој возиме.