Правила и прописи

Преглед на правила и прописи и нивно објаснување

Движење на крстосница која не е регулирана со хоризонтални или вертикални сообраќајни знаци

На крстосница на патишта од иста важност или во пресрет со друго возило, возачот е должен да го пропушти возилото што наидува од неговата десна страна. Правилото на десна страна се применува во два случаи. Првиот случај е кога на дадена раскрсница се наоѓаат возила на која нема никакви сообраќајни знаци. Во секој случај доколку се најдат одредени возила на самата раскрсница, предност има она возило кое што нема друго возило од својата десна страна. Ова правило важи во секој случај освен доколку има друго возило чиишто лак на свртување е најкраток и кое не претставува пречка во сообраќајот, и, доколку се најде возило со првенство на минување- т.е секогаш првин поминува возилото со првенство на минување. После тоа важи истото правило.

Img

Вториот случај е кога возачот кој со возилото се движи на пат со право на првенство на минување во однос на возилото кое исто така се движи на пат со првенство на минување, доколку насоките на движење им се вкрстосуваат или соединуваат се применува правилото за првенство на минување на возило кое наидува од десната страна. Првенство во минување во ваков случај има возилото кое што оди право и се наоѓа на пат обележан со сообраќаен знак - знакот за првенство на минување.

Img

Сообраќај на крстосници регулирани со светлосни сообраќајни знаци

Возачот кој со возилото се движи кон вклучено зелено светло на уредот за давање на светлосни сообраќајни знаци и го задржува правецот на движење или свртува надесно има првенство на минување во однос на возилото кое доаѓа од спротивната насока и свртува налево. Класичната сигнализација не важи во случаи кога е присутна светлосната сигнализација. Според ситуацијата на сликата ние поминуваме пред комби возилото бидејќи одиме право и не пресекуваме пат на останатите учесници во сообраќајот.

Img

Возачот кој со возилото се движи кон вклучено зелено светло на уредот за давање на светлосни сообраќајни знаци и на крстосницата свртува налево, должен е да ги пропушти возилата кои доаѓајќи од спротивната насока го задржуваат правецот на своето движење или свртуваат надесно.

Img

Сообраќај на крстосници регулирани со униформиран полициски службеник

Кога сообраќајот на крстосницата го регулира униформиран полициски службеник учесниците во сообраќајот се должни да постапуваат според неговите знаци (наредби) без разлика што на крстосницата постојат светлосни сообраќајни знаци и класични сообраќајни знаци. Според ситуацијата дадена на сликата, полицискиот службеник ја има испружено нагоре и вертикално својата рака која значи забранет сообраќај за сите учесници во сообраќајот. Наредбите кои ги дава полицискиот службеник, мора да ги почитуваат и возачите на возилата под придружба, возилата со право за првенство на минување, како и шинските возила.

Img

Сообраќај на крстосници регулирани со сообраќајни знаци

Возачот кој со возилото влегува на пат што со сообраќаен знак е означен како пат со првенство на минување , е должен да ги пропушти сите возила што се движат по тој пат. Откако ќе ги пропушти возилата кои се движат на патот со првенство на минување, возачот кој на крстосницата свртува налево, должен е да го пропушти возилото кое доаѓа од спротивната насока на крстосницата и го задржува правецот на движење или свртува надесно. Според ситуацијата прикажана на сликата, возилото со број 1 се наоѓа на пат со првенство на минување и поминува прво, па после него возилото со број 2. Ние последни ја напуштаме раскрсницата бидејќи се наоѓаме на спореден пат.

Img

Жолотото трепкаво светло на уредот за давање на светлосни сообраќајни знаци го обврзува возачот да се движи со зголемена претпазливост и да ги почитува сообраќајните знаци и правилата за првенство на минување. Според ситуацијата прикажана на сликата, првенство на минување најпрвин, имаат возилото со број 1 од десно, и моторциклот од лево.

Img