Во национална категорија „Ф” спаѓаат трактори со или без тракторски приколки. Со дозволата за управување на возилата од оваа национална категорија, може да се управуваат и возилата кои спаѓаат во националната категорија „Г“.

Потребни документи и услови:

Наполнети 17 години возраст
Лична карта
Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
Согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар (ако не наполнило 18 години)
Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (12 н/ч теор. и 12 н/ч практ.)
Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
Пријава за полагање на возачки испит