Во националната категорија "М" спаѓаат мотокултиватори и приклучни возила што ги влечат мотокултиватори, велосипеди со мотор, лесни трицикли и лесни четирицикли.

Потребни документи и услови:

Наполнети 16 години возраст
Лична карта
Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
Согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар (ако не наполнило 18 години)
Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (12 н/ч теор.)
Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода (ако не поседува друга катег.)
Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
Пријава за полагање на возачки испит