Категорија Б / Тест 13

Прашање 1 од 31 8 поени

Во полето под сообраќајниот знак впиши го бројот кој се наоѓа пред неговиот точен назив:

1. Забрана на сообраќајот за возила чија вкупна висина ја преминува определената висина

2. Стеснување на патот од десна страна

3. Патека за пешаци

4. Престројување на возила со назив на населени места

5. Стеснување на патот од лева страна

6. Престројување на возила

Прашање 2 од 31 2 поени

Дополнителната табла поставена под сообраќајниот знак означува:

Прашање 3 од 31 2 поени

Кој сообраќаен знак припаѓа на групата знаци за изречни наредби-забрана односно oграничување:

Прашање 4 од 31 4 поени

Поставениот сообраќаен знак од десната страна на патот претставува ознака:

Прашање 5 од 31 4 поени

Сообраќајниот знак прикажан на сликата припаѓа во групата на знаци:

Прашање 6 од 31 5 поени

Возилата на кои им е доделена придружба од возила на полиција снабдени со уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци (како на сликата), припаѓаат во групата на:

Прашање 7 од 31 5 поени

Вертикално подигната рака на униформираниот полициски службеник со палка во дланката (како на сликата), значи:

Прашање 8 од 31 5 поени

Тајмерот поставен над уредот за давање светлосни сообраќајни знаци (како на сликата) означува:

Прашање 9 од 31 5 поени

Тајмерот поставен на уредот за давање светлосни сообраќајни знаци (како на сликата) означува:

Прашање 10 од 31 6 поени

Според начинот на регулирање на сообраќајот на крстосницата како на сликата, јас:

Прашање 11 од 31 6 поени

Според ситуацијата прикажана на сликата, кога на уредот за давање на светлосни сообраќајни знаци е вклучено жолтото трепкаво светло, јас:

Прашање 12 од 31 6 поени

Според правилата за првенство на минување на крстосницата, во дадените полиња впиши ги броевите на возилата според редоследот на нивно минување: (Одговорот се внесува во формат, на пример: 123, 231, 132 итн.)

Внесете го одговорот:

Прашање 13 од 31 6 поени

Aвтобусот од позиција А до позиција В ќе се движи по следната патека:

Прашање 14 од 31 4 поени

Според ситуацијата прикажана на сликата, возачот на патничкото возило не смее да го превезува детето помало од 12 години на предното седиште и:

Прашање 15 од 31 4 поени

На јавен пат во населено место, возачот на возилото означено со број 1 (како на сликата), се движи:

Прашање 16 од 31 4 поени

Возилото на авто школата означено со број 1 прикажано на сликата:

Прашање 17 од 31 4 поени

Возачот на патничкото возило, на дел од патот под мост, прикажан на сликата:

Прашање 18 од 31 4 поени

„Престигнување“ е минување со возило покрај друг учесник во патниот сообраќај:

Прашање 19 од 31 4 поени

На прегледноста на возачот пред возилото за време на управувањето, најмногу влијае:

Прашање 20 од 31 4 поени

Десната сообраќајна лента сметано во правецот на движење на возилата, означена со испрекинати жолти линии (како на сликата) е наменета за сообраќај на:

Прашање 21 од 31 4 поени

„Разминување“ е минување со возило покрај друго возило кое се движи:

Прашање 22 од 31 2 поени

Одржување на спортски и други приредби на пат:

Прашање 23 од 31 3 поени

Возач-почетник кој поседува возачка дозвола од категорија „Б“, на пат резервиран за сообраќај на моторни возила не смее да се движи со брзина поголема од:

Прашање 24 од 31 3 поени

Со возачка дозвола за категорија “А1“ може да се стекне лице кое има наполнето:

Прашање 25 од 31 3 поени

Со трактор што влече приклучно возило во кое се врши превоз на лица, може да управува само возач:

Прашање 26 од 31 2 поени

Доколку при управување со Вашето возило пред вас забележите возило на авто школа означено со ознака „L“ треба да постапите така што:

Прашање 27 од 31 2 поени

Ако сте во опасна ситуација да имате директен судар со друго возило, побезбедно е да:

Прашање 28 од 31 3 поени

На јавен пат во населено место возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од: (Впиши ја брзината во км/ч)

Внесете го одговорот:

Прашање 29 од 31 2 поени

Улогата на семејството во развивањето на сообраќајната свест кај возачот:

Прашање 30 од 31 2 поени

Доколку при управување со возилото на пат слушате гласна музика, тоа ќе Ви овозможи:

Прашање 31 од 31 2 поени

Доколку управувајќи со возилото на пат, наидете на домашно или диво животно, ќе постапите така што: