Во категоријата „Д1“ спаѓаат моторни возила за превоз на лица кои покрај седиштето на возачот имаат повеќе од осум, но не повеќе 16 седишта и чија вкупна должина не надминува осум метри и може да се комбинира со приколка чија најголема дозволена маса на приколката е помала од 750 kg.

Потребни документи и услови:

Наполнети 21 години возраст
Најмалку две години да поседува возачка дозвола од категориите „Ц1“ и „Ц“
Фотокопија од возачка дозвола заверена на нотар
Лична карта
Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (10 н/ч теор. и 16 н/ч практ.)
Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
Пријава за полагање на возачки испит