Проектот "ПрогресМК" го започнаа неколку млади лица кои се инспирирани од начинот на учење преку интернет платформите.
Целта на оваа платформа е да биде место каде што Вие ќе бидете присутни определено или неопределено време кое со сигурност ќе го искористите за учење на нови содржини од сообраќајот, сообраќајните знаци и правилата без кои не може да функционира правилно една сообраќајна мрежа во општеството во кое живееме. Наша примарна цел е преку совладување на теоретскиот дел, кандидатите да се здобијат со сообраќајна култура и дисциплина за да бидат безбедни сите учесници во сообраќајот.
Ние сме платформа наменета за сообраќајот, односно место каде пристапот за учење на cообраќајните знаци е значително олеснет. Сообраќајните знаци и правила се многубројни, а нашата цел е учењето на истите да биде олеснето преку различни методи.
Ќе се потрудиме оваа платформа да биде место каде учењето на знаците и правилата во сообраќајот ќе биде интересно, забавно за на крај, истото да резултира со успешно положување на теоретскиот дел од возачката дозвола и истото знаење соодветно да се применува во нашето секојдневие.
Започни со учењеМотоцикли и трицикли со моќност поголема од 15 kW
Мотоцикли и трицикли со моќност помала од 15 kW
Моторни возила чија најголема дозволена маса не надминува 3,500 kg, и кои немаат повеќе од осум седишта
Мотокултиватори, велосипеди со мотор, лесни трицикли и лесни четирицикли
Трактори со или без тракторски приколки
Mобилни машини и мотокултиватори
Моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg, и истите можат да се комбинираат со приколки со тежина до 750 kg
Моторни возила за превоз на патници кои имаат повеќе од осум седишта и може да се комбинираат со приколка чија најголема дозволена маса е помала од 750 kg
Научете многу повеќе за сообраќајните знаци и правила со помош на оваа платформа,
со тоа ќе придонесите да имаме безбедно сообраќајно општество.
Секогаш достапни, јасни, прецизни и точни категоризирани прашања, голем број на тестови и огромен број на посетители.
Нашата платформа е една од водечките во регионот која што без сомнеж им помогнала на новите возачи да зачекорат во светот на сообраќајот.